| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија (Галерија)

Нашето трпение е огромно, со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е подготвен да ја брани Македонија.

Ова на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член на иницијативата.

Вели дека народот е подготвен да ја земе правдата и конечно да ја донесе во Македонија.

– Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија – истакна Дамовски.

Тој посочи дека сите го знаат излезот од оваа криза, како што вели, попис и избори.

-Попис и избори, пратеници на тиранската платформа, немакедонски пратеници. Ова море нема да мрдне сè додека не се откажат од тиранската платформа – порача Дамовски.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top