| четврток, 6 декември 2018 |

Дозвола за градба најдоцна за 45 дена и само електронски

Gradeznici

Сите општини мора да набават електронски потпис за издавање на градежни дозволи.

Градежни дозволи од следната недела ќе се издаваат единствено по електронски пат. Целиот процес од аплицирање па се до одоберние за градење ќе биде по електронски пат. Системот е веќе подготвен, општините се едуцирани, се очекува на овој начин значително да се поедностават постапките за издавање на дозволите

– На овој начин ќе се зголеми ефикасноста во функционирањето и во работењето на општините и ефикасноста во што побрзо добивање на одобрението за градба. При тоа ќе се намалат трошоците кои се прават при печатење на хартија, движење на луѓето, а, исто така, ќе се смали и времето и малтеретирањето на луѓето кои бараат одобрение за градба. Коце Трајановски

Одобрението за градба ќе се издава максимум 45 дена но според ресорниот министер Јанакиевски се очекува електронскиот систем да ја скрати процедурата. Преку овој систем ќе се има целосен увид во постапката дали некаде предметот е законочен во општинската канцеларии

– Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Во Минситерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат. Значи многу едноставна процедура и многу потранспарентна, бидејќи секој апликант, ќе може да види во кој момент кај кого е неговиот предмет, изјави Миле Јанакиески, Министер за транспорт.

На општините им се дадени препораки да ги забрзаат постапките за правење на ДУП со цел да се формираат парцели за индивидуално домување до 300 квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top