| четврток, 6 декември 2018 |

Секогаш е предизвик да се менаџира фестивал како што е „Лица без маски“

Ве­ру­вам де­ка и по де­сет­те го­ди­ни фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“, кој по­ле­ка, но си­гур­но ста­ну­ва пре­поз­нат­ли­во име, осо­бе­но кај пом­ла­да­та пуб­ли­ка и те­а­тар­ски­те ра­бот­ни­ци, ќе се раз­ви­ва во на­со­ка на про­мо­ви­ра­ње ин­вен­тив­ност и ори­ги­нал­ност во те­а­тар­ска­та про­дук­ци­ја, ве­ли Ми­о­драг Ко­стиќ

На по­че­то­кот сме на уште ед­но из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Ли­ца без ма­ски“, и тоа ју­би­леј­но. Од оваа ди­стан­ца, ка­ков е Ва­ши­от впе­ча­ток во­оп­што за до­се­гаш­ни­те из­да­ни­ја? За­до­вол­ни ли сте од по­стиг­на­то­то?

Ко­стиќ: Се­ка­ко де­ка сме за­до­вол­ни и ова е, мо­же­би, са­мо од­ли­чен по­че­ток за да се раз­ви­ва на­ша­та глав­на ми­си­ја со Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Ли­ца без ма­ски“, а тоа е да се по­диг­не све­ста за зна­че­ње­то на не­за­вис­на­та те­а­тар­ска про­дук­ци­ја во на­ша­та зем­ја. Од го­ди­на во го­ди­на фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“ се раз­ви­ва­ше во таа смис­ла и не­скром­но е ако ка­жам де­ка на­ви­сти­на сме среќ­ни што по­крај не­за­вис­ни­от „Те­а­тар 007“, кој во­ед­но е и ор­га­ни­за­тор на фе­сти­ва­лот, се по­ја­ву­ва­ат и уште го­лем број не­за­вис­ни те­а­три во на­ша­та зем­ја, кои не­гу­ва­ат ал­тер­на­тив­на и екс­пе­ри­мен­тал­на есте­ти­ка во сво­и­те де­ла. Се­ка­ко де­ка за­до­волс­тво­то е го­ле­мо ако се има­ат пред­вид и мно­гу­број­ни­те раз­ме­ни на искус­тва. Прет­ста­ви­те што во из­ми­на­ти­те го­ди­ни го­сту­ва­ле на на­ши­от фе­сти­вал со се­бе но­се­ле све­жи­на во идеј­но­то про­мис­лу­ва­ње на те­а­та­рот, естет­ска и со­др­жин­ска раз­лич­ност, ко­ја во го­ле­ма ме­ра се при­ме­ну­ва и во ма­ке­дон­ски­те не­за­вис­ни те­а­тар­ски ин­сти­ту­ции. Ве­ру­вам де­ка и по де­сет­те го­ди­ни фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“, кој по­ле­ка но си­гур­но ста­ну­ва пре­поз­нат­ли­во име, осо­бе­но кај пом­ла­да­та пуб­ли­ка и те­а­тар­ски­те ра­бот­ни­ци, ќе се раз­ви­ва во на­со­ка на про­мо­ви­ра­ње ин­вен­тив­ност и ори­ги­нал­ност во те­а­тар­ска­та про­дук­ци­ја.

 

Се­ко­ја го­ди­на бе­ше за­бе­ле­жи­тел­но при­сус­тво­то на го­сти од странс­тво: Ср­би­ја, Гр­ци­ја, Ру­си­ја, Ро­ма­ни­ја, Ита­ли­ја.., кои на­ста­пи­ја на по­ве­ќе сце­ни во Скоп­је. И го­ди­на­ва има го­сти од странс­тво. Те­шко ли е да се из­ме­на­џи­ра се­то тоа?

Ко­стиќ: Се­ко­гаш е пре­диз­вик да се ме­на­џи­ра фе­сти­вал ка­ко што е „Ли­ца без ма­ски“. Ка­ко ор­га­ни­за­ци­ја се тру­ди­ме од го­ди­на во го­ди­на да ја „из­не­на­ду­ва­ме“ пуб­ли­ка­та со те­а­тар­ски про­дук­ции што зна­чат мно­гу во све­тот на не­за­вис­но­то те­а­тар­ско тво­реш­тво. Ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка во из­ми­на­ти­те го­ди­ни има­ше чест да ви­ди раз­лич­ни прет­ста­ви со но­ва есте­ти­ка и со­др­жи­ни, иа­ко че­сто би­ло, на­ви­сти­на, те­шко да се до­не­сат на фе­сти­ва­лот. Дел од го­сту­вач­ки­те те­а­три, кои, се­ка­ко, тво­рат не­за­вис­но, че­сто се слу­чу­ва во пос­ле­ден мо­мент да на­и­дат на фи­нан­си­ски преч­ки, кои се при­чи­на за нив­но­то отка­жу­ва­ње, но со­ра­бо­тка­та со нив про­дол­жи­ла за на­ред­ни­те го­ди­ни. Уба­во е чув­ство­то ко­га ка­ко до­ма­ќи­ни на го­ле­ма број­ка учес­ни­ци ќе се обез­бе­дат не­пре­че­ни ус­ло­ви за нив­но пре­зен­ти­ра­ње. На­ши­от фе­сти­вал е, мо­же­би, единс­тве­ни­от што на си­те го­сту­вач­ки те­а­три им овоз­мо­жу­ва петд­не­вен пре­стој во Скоп­је и во тие пет де­на си­те го­сти се за­ед­но, учес­тву­ва­ат на ме­ѓу­себ­ни­те ра­бо­тил­ни­ци, раз­ме­ну­ва­ат искус­тва, се здо­би­ва­ат со но­ви при­ја­телс­тва, а има­ло и при­ме­ри ка­де што се ос­тва­ру­ва­ат и но­ви ме­ѓу­себ­ни ко­про­дук­ции и друг вид со­ра­бо­тка ме­ѓу те­а­три­те. По­крај ме­ѓу­себ­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње и „бор­ба­та“ за ед­на од три­те на­гра­ди, се­ко­гаш на фе­сти­ва­лот во из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни се ра­ѓа­ле и но­ви идеи за но­ви про­е­кти и те­а­тар­ски ми­сии, кои до ден де­нес функ­ци­о­ни­ра­ат. Ме­на­џи­ра­ње­то на се­то тоа не е лес­но, но е до­вол­но про­во­ка­тив­но ако зна­е­ме де­ка крај­на­та цел и ми­си­ја има оп­штес­тве­на од­го­вор­ност и зна­че­ње.

Miodrag-Kostic-01

Фе­сти­ва­лот е на­ме­нет за про­фе­си­о­нал­на не­за­вис­на те­а­тар­ска про­дук­ци­ја, чиј­што ин­те­рес е ал­тер­на­тив­ни­от и екс­пе­ри­мен­та­лен те­а­тар­ски израз. Ка­ков е при­е­мот на прет­ста­ви­те кај пуб­ли­ка­та?

Ко­стиќ: Од го­ди­на во го­ди­на број­ка­та на по­се­ти­те­ли на прет­ста­ви­те што се од офи­ци­јал­на­та нат­пре­ва­ру­вач­ка про­гра­ма на „Ли­ца без ма­ски“ е сѐ по­го­ле­ма. Го­лем број мла­ди те­а­тар­ски ра­бот­ни­ци што би­ле дел од фе­сти­ва­лот во сво­ја­та ра­бо­та ве­ќе при­ме­ну­ва­ат тех­ни­ки и ме­то­ди што би­ле по­ка­жа­ни ка­ко но­ви­тет во дел од прет­ста­ви­те што го­сту­ва­ле на „Ли­ца без ма­ски“. Тоа што го пра­ви фе­сти­ва­лот по­се­бен во из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни се и ра­бо­тил­ни­ци­те што ги во­дат ре­жи­се­ри­те на го­сту­вач­ки­те те­а­три, та­ка што го­лем број на­ши те­а­тар­ски ра­бот­ни­ци што ги по­се­ту­ва­ле здо­би­ле но­ви искус­тва во ме­то­до­ло­ги­ја­та на ра­бо­та на прет­ста­ви. Ток­му таа цел: раз­ме­на­та на искус­тва ја по­стиг­нав­ме во из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни и ве­ру­вам де­ка со уште по­за­си­ле­но тем­по ќе про­дол­жи и во ид­ни­на. На­ша­та ми­си­ја да ѝ по­ну­ди­ме на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка по­и­на­кви прет­ста­ви, кои не мо­жат да се ви­дат се­којд­нев­но во на­ша­та зем­ја, ја ис­пол­ну­ва­ме дос­лед­но. Од го­ди­на во го­ди­на се чув­ству­ва раз­во­јот на фе­сти­ва­лот и фа­ктот де­ка пуб­ли­ка­та го пре­поз­на­ва име­то што го соз­да­ва­ме со „Ли­ца без ма­ски“. Уба­во е чув­ство­то ко­га „рас­те­те ед­но де­те“, а за се­то тоа до­би­ва­те по­врат­на ре­ак­ци­ја од пуб­ли­ка­та, што, впро­чем, е по­твр­да за ус­пеш­но­ста на фе­сти­ва­лот.

 

Што но­си де­сет­то­то, ју­би­леј­но из­да­ние на фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“. Има ли не­ка­кви из­не­на­ду­ва­ња…?

Ко­стиќ: Го­ди­на­ва во чест на ју­би­ле­јот ре­шив­ме да соз­да­де­ме про­гра­ма што те­мат­ски ко­рес­пон­ди­ра со, за жал, су­ро­ва­та ре­ал­ност што ја жи­вее чо­ве­кот, ге­не­рал­но. Прет­ста­ви­те што се дел од офи­ци­јал­на­та нат­пре­ва­ру­вач­ка про­гра­ма, по­мал­ку или по­ве­ќе се по­ли­тич­ки ан­га­жи­ра­ни, са­ти­рич­ни и иро­нич­ни во про­мис­лу­ва­ње­то на те­ма­та за конс­пи­ра­ци­и­те и за игри­те на „моќ­ни­ци­те“ што ги пра­ват за кон­тро­ла на ма­са­та на­род. За прв­пат на на­ши­от фе­сти­вал го­ди­на­ва ќе го­сту­ва „Кен­дра мул­ти­ме­ди­ја“ од Ко­со­во, кои до­а­ѓа­ат со ед­на од сво­и­те пос­лед­ни про­дук­ции „Прет­ста­ва за че­ти­ри акте­ри, не­кол­ку сви­њи…“ ра­бо­те­на по текст на истак­на­ти­от Је­тон Не­зи­рај, а во ре­жи­ја на Блер­та Не­зи­рај, ко­ја во из­ми­на­та­та го­ди­на ги освои сим­па­ти­и­те на мно­гу­број­ни фе­сти­ва­ли во Евро­па. Оваа прет­ста­ва што жа­нров­ски е опре­де­ле­на ка­ко по­ли­тич­ка са­ти­ра, збо­ру­ва за акту­ел­но­то пра­ша­ње: што по­на­та­му по из­ле­гу­ва­ње­то на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја од ЕУ. На иро­ни­чен и сар­ка­сти­чен на­чин е прет­ста­ве­на европ­ска­та би­ро­кра­ти­зи­ра­ност во ко­ја обич­ни­от чо­век е са­мо обич­на број­ка и си­сте­мот низ кој по­ми­ну­ва е сли­чен на ка­фка­ни­јан­ски­от си­стем на жи­ве­е­ње. Та­кво­то „по­ли­тич­ко“ ан­га­жи­ра­ње на прет­ста­ви­те е вид­ли­во и во „Фар­ма­та“ ра­бо­те­на спо­ред Џ. Ор­вел на ита­ли­јан­ски­от те­а­тар „Со­фи­ја Амен­до­ле­ја“, кој во 2014 го­ди­на бе­ше по­бед­ник на ИТФ „Ли­ца без ма­ски“. На про­гра­ма­та се и уни­кат­ни­те прет­ста­ви „Но­ќта на ог­нот“, ра­бо­те­на спо­ред Е. Е. Шмит, во ре­жи­ја на Ма­ри­на Дрен, од „32. Фи­зич­ки те­а­тар“ од Ру­си­ја и иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­на­та „Сѐ на ма­са­та“, ра­бо­те­на спо­ред де­ла на Чарлс Бу­ков­ски, а во ре­жи­ја на Ана Ба­те­ва, на го­сти­те од Бу­га­ри­ја. Во рам­ки­те на нат­пре­ва­ру­вач­ка­та про­гра­ма има­ме и до­ку­мен­тар­ни те­а­тар­ски прет­ста­ви од ма­ке­дон­ска­та не­за­вис­на про­дук­ци­ја ка­ко што се: „Да ми го поз­дра­виш и ба­циш“, во ре­жи­ја на Бил­ја­на Ра­ди­но­ска, а во из­вед­ба на те­а­та­рот „Атро­пи­ја“, кој во из­ми­на­та­та го­ди­на прив­ле­че го­ле­мо вни­ма­ние кај ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, „Скр­ше­на­та стом­на“, во ре­жи­ја на Со­фи­ја Ри­стев­ска и ед­на хит-ко­ме­ди­ја „Пр­во ќе ме зе­меш, а пос­ле ќе ме…“ на те­а­та­рот „Крик“, а во ре­жи­ја на Ѓор­ѓи Ри­зе­ски.

Искре­но ве­ру­вам де­ка про­гра­ма­та што го­ди­на­ва ја соз­да­дов­ме и е во зна­кот на ју­би­ле­јот е ква­ли­тет­на и прив­леч­на за пуб­ли­ка­та, не са­мо од те­мат­ско-со­др­жин­ски ас­пект, ту­ку и ка­ко ви­зу­ел­ни прет­ста­ви, кои ќе се па­ме­тат. Исто та­ка, ве­ру­вам де­ка жи­ри-ко­ми­си­ја­та го­ди­на­ва ќе има, на­ви­сти­на, те­шка за­да­ча да ги до­де­ли три­те на­гра­ди: Гранд-при за нај­до­бра прет­ста­ва во це­ли­на, на­гра­да­та за нај­до­бра ре­жи­ја и на­гра­да­та за нај­до­бро актер­ско ос­тва­ру­ва­ње на фе­сти­ва­лот.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 240. број на неделникот „Република“, 7.4.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top