Утринава во затворот во Идризово затвореници се избоделе со ножеви.
Во ходникот во полуотворениот оддел во затворот, осуденикот Земри Р. со нож ги нападнал осудениците Фатон Ајдини и Мирсад Демировски.
Стражарите едвај успеале да ги разделат насилниците.
Двајцата осуденици се здобиле со убодни рани и се итно пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Таму им се вршат хирушки интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.