Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони денеска ќе најави нова германска инвестиција во Македонија. Германската компанија, како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, ќе инвестира во тетовскиот регион.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја поздрави добрата вест на профилот на „Фејсбук“.
„Нема да дозволиме она што со години го градиме за граѓаните да биде уништено. Иако СДСМ преку нејзините полуги максимално се труди државата да назадува и дополнително да кризира, ние и во овие моменти судбоносни за иднината на државата обрнуваме внимание на она што е најважно за нив, а тоа е сигурна егзистенција и нови работни места.
Таа наша борба е нашето ветување за секој еден граѓанин. И Македонците, и Албанците, и Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите останати, делат слични и исти потреби и се соочуваат со исти или слични предизвици. Политичарите кои разединуваат со дебати за туѓи платформи, направени надвор од државата, пред сѐ, бегаат од темите кои се најважни за граѓанинот тука, а тоа е обезбедување сигурна егзистенција. Токму ВМРО-ДПМНЕ се занимава со она што е најважно за нив“, пишува Груевски.
Тој со задоволство ја споделува важната вест за граѓаните од тетовскиот регион – уште едно реализирано веување, кое беше најавено пред два месецa.
„Водечкиот производител на седишта за автобуси и возови во Европа, германската компанија „Franz Kiel GmbH“ ќе започне со работа во Желино, Тетовско. Првичните контакти со оваа компанија беа остварени во декември 2015 година со поддршка од компанијата за производство на автобуси Ван Хул во ТИРЗ Скопје 1.
Инвестицијата ќе се реализира во три фази. Првата фаза ќе се реализира веќе во јуни оваа година во адаптиран објект во Желино, Тетовско со производство наменето за потребите на Ван Хул, со што првично е планирано да се креираат 60 нови работни места.
Во следните фази предвидено е да се произведуваат делови за седишта и седишта за автобуси и возови кои што ќе се пласираат во Европа, Азија, Америка и други локации во светот, а планирано е да се отворат вкупно 250 нови работни места, што значи сигурна егзистенција за 250 семејства.“
Оваа германска компанија годинава одбележува 70 години успешно постоење во светот, а својата успешна приказна по примерот на Полска и на Турција ќе ја пренесе и кај нас во Македонија.
Ова е важна инвестиција особено што доаѓа во еден исклучително турбулентен период. Ние дури и во овие моменти продолжуваме да се бориме и да обезбедуваме инвестиции.
Место спроведување платформи од туѓи држави, нови инвестиции за сигурност, извесна иднина и нова надеж за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски