| четврток, 6 декември 2018 |

Таки Фити: Албанскиот јазик треба да влезе во Уставот како официјален

taki fiti

Срамен, недозволив и против националните интереси е ставот на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Таки Фити, кој застана зад тиранската платформа, која, пак, е вовед во редефинирање на Македонија според мислењето на мнозинството граѓани и стручната јавност.

За претседателот на МАНУ и поранешен министер за финансии во владата на СДСМ, Таки Фити, тиранската платформа е прифатлива, тој ова го изјави во интервју за „Фактор 24“, на „Телевизија 24“.

На прашањето дали албанската платформа за него е прифатлива, тој во име на МАНУ даде одговор дека не гледа загрозеност на македонскиот јазик во тиранската платформата.

– МАНУ не гледа загрозеност на македонскиот јазик во т.н. албанска Платформа, МАНУ нема да прифати решенија што се надвор од Уставот, изјави Фити.

Место да го слушне гласот на десетиците илјади граѓани, кои секојдневно протестирааат во градовите низ Македонија, меѓу кои има и голем дел кои својот глас го дале за СДСМ и Зоран Заев, Таки Фити срамно одработува за интересите на опозицијата, која е подготвена и по цена на тргување со националните интереси да се дограби до власта.

Останува нејасно како Таки Фити смета дека македонскиот јазик не е загрозен кога во првата точка од платформата од Тирана се бара македонскиот јазик да не биде единствен официјален јазик во Република Македонија.

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“ – стои во првата точка од тиранската палтформа.

Претходно и други лица што се меѓу главните идеолози во опозицијата, меѓу кои и Љубомир Фрчкоски, даваа изјави каде што велеа дека работите кои СДСМ ги прифатил за да дојде на власт, кои значат поткопување на темелите на државата, не се никаков проблем.

Наспроти ваквите срамни и недозволиви ставови на првиот човек на МАНУ, многу академци излегоа со став дека МАНУ во целост треба да ја отфрли тиранската платформа.

На последната седница на МАНУ, на која тема на расправа беше и тиранската платформа, академик Милан Ѓурчинов истакна дека платформата во овој момент е недопустливо да се лансира бидејќи, како што рече, е запаллива и може да предизвика несовладлив оган.

Академикот Витомир Митевски истакна дека државниот статус на македонскиот јазик во својата матична земја, не смее да биде загрозен во ниту еден поглед.

– Државниот статус на македонскиот јазик во својата матична земја, не смее да биде загрозен во ниту еден поглед, од страна на малцинските јазици во Република Македонија. Во таа смисла е потребно ургентно усогласување на нашето законодавство, за употреба на малцинските јазици според стандардите на унитарните земји во Европската унија – смета Митевски.

Според академикот Митко Маџунков, платформата ги повредува чувствата на Македонците под закрила на меѓународната заедница и сега е ред на Албанците да се извинат за тоа. За Маџунков сите точки на платформата се ултранационалистички и неприфатливи и тоа е акт за формирање голема Албанија, кој треба да биде отфрлен од МАНУ како акт во кој се чувствува експанзионистичката политика од призренската лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top