| четврток, 6 декември 2018 |

Светиниколчани ги преполнија градските улици и одлучно и кажаа „НЕ“ на Тиранската платформа

sv-768x576

Граѓаните на Свети Николе јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб И одлучно и кажаа НЕ на Тиранската платформа.

Тие вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Освен во Свети Николе, вечерва протести „За заедниќка Македонија“ се одржуваат во околу 40 градoви и села во Македонија.

svnikole-768x576

nikole-768x576

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top