| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа порака на вратата од докторот стана хит на интернет

Пораката „Ги замолуваме пациентите да не чукаат на вратата“ е стандардна вест пред вратите на докторите, која очигледно повеќе не допира до пациентите.

Колку пати ви се случило додека чекате на ред за да влезете кај вашиот доктор, некој да се појави и да рече „Само да прашам“ или „Само нешто да земам“ ?
Често сведочиме на таквите ситуации во здравствените установи.
Еден интересен натпис во амбуланта во Загреб стана вистински хит на интернет, кој некој од пациентите го споделил на друштвените мрежи:

„Во медицината не постои САМО ОВА или САМО ОНА…За секое САМО, треба да се седне и да се чека!„
Коментарите кои стигаа под фотографијата беа целосно поддржувачки и луѓето велат дека тој натпис е сосема во ред.

 

извор:пинџур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top