| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев:Дали само Заев мисли дека нема Платформа, додека Рама и Бушати, ДУИ и БЕСА и пратениците на Села тврдат дека постои?

pi[

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев на денешната Собраниска седница истакна дека целта на Тиранската Платформа е да се редефинира уставното уредување на Република Македонија.

-Пред некој ден Еди Рама и министерот Бушати побараа овие барања на Албанците да бидат вметнати во Уставот. Зоран Заев најави дека нема промена на Уставот и дека нема Платформа. Прашувам дали само Заев мисли дека нема Платформа, а Рама и Бушати, ДУИ и БЕСА и пратениците на Села тврадат дека постои Албанска Платформа – потенцираше Пишев.

Тој додаде дека има Платформа и има изјава на аболицираниот криминалец Зоран Заев  во која кажува дека треба да се оди над Рамковниот договор.

-Затоа колеги пратеници 8 ден расправаме овде, за да ја скратиме повеќе маката. Немојте да бидете предавници, јас кажав вие сте предавници на македонскиот народ, го продадовте си ја продадовте верата, честа, душата, културата, традицијата, се прододовте -потенцираше Пишев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот ги повика пратениците на СДСМ да се откажат од Тиранската Платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top