| четврток, 6 декември 2018 |

И убава и умна – ова е првата мисица градоначалничка на Гибралтар

mis

Убавата Каиан Лопез постави два рекорда, најмлада градоначалничка  на Гибралтар и прва мисица што станала градоначалничка.

30-годишната Лопез беше Mис на светот во 2009 година. Таа воедно е третата дама од Гибралтар која стапила на функцијата градоначалник.

Британски „Телеграф“ пишува дека девојката изјавила дека територијата „секогаш ќе биде Британска“.

Локалните медиуми ја опишуваат Лопез како најубавата градоначалничка во светот.

mis2

– Како поранешен заменик градоначалник, видов колку е тешко и колкава посветеност е потребна за да се раководи. Сакам да им се заблагодарам на сите претходни градоначалници. Сите тие се вистинска инспирација – изјавила Лопез.

Главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо, за Лопез изјавил: „Ти беше Мис Гибралтар, па Мис на светот и сега си Мис градоначалник“.

mis3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top