Постапките на СЈО сѐ повеќе стануваат предмет на потсмев во јавноста. Специјалното јавно обвинителство истражува дали членот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски има авион и фирми на негово име. Ова го обелодени Милошоски објавувајќи документи од барањата на тимот на Катица Јанева до надлежните институции. Според него, ова е доказ дека СЈО врши притисок врз неистомислениците на Зоран Заев.
-Овие истражни постапки на СЈО, дали Антонио Милошоски имал авион или хеликоптер или други некакви воздухоплови, или некакви фирми кои ги немам, се еден дегутантен притисок којшто има само политичка цел, а тоа е да му помогне на господинот Заев да компензира за политичкиот капацитет што го нема во моментот и по секоја цена да биде премиер – изјави Милошоски.
-Колеги пратеници од Кичево, Охрид, Струга & Вевчани – зборно место – полетуваме за 7 минути!, напиша Милошоски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.