Пејачката Весна Змијанац во својата книга „Кога ќе замирисаат јоргованите“ открива дека за време на осумдесеттите години, во само една година изгубила два сина, во седмиот месец од бременоста.
Весна открива дека во периодот на најголемата слава, минала низ вистинска агонија и неопислива душевна болка.
-Нашето прво дете, синот, Влада Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седмиот месец. Спонтаниот абортус се случи во пауза на концерт во Младеновац. Не ми замерувајте што сцената на породување, кое ненадејно и предвреме започна, и фактички се случи во гардеробата зад бината, а траеше и во тек на патот до Белград, па и неколку минути во болница, не можам да го опишам ни денска. Бидејќи тоа е една од оние болки која се уште пече, а празнината зјае и кога ќе се сетам на тоа, а се сеќавам често, утробата ми се грчи – рекла Весна и додала дека не ни насетувала дека една година подоцна ќе доживее уште поголема болка.
-Се обвинував себеси, не барајќи ниту една олеснителна околност. Не ни насетував дека за една година ќе ми се случи нешто полошо. Владиното и мое второ дете, исто така син, исто така го изгбувме во седмиот месец од бременоста под приближно исти околности – додала пејачката и напоменала дека на некој начин со губење на децата, ги платила гревовите од младоста.
-Мислам дека ги преплатив. Мислам дека данокот во крв е намирен. Навистна ја платив полната цена. Решив никогаш повеќе ништо да не ми биде поважно од сопствениот мир, здравје и семејство – порачала Весна, која после овие трауматични случувања го променила начинот на живот и подоцна ја родила ќерката Николија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најлошата честитка за Нова година дојде од Весна Змијанац
-
Залудни се моите пари – Весна Змијанац ја откри вистината за таткото на Николија
-
Трендот “заборавете ја долната облека дома“ постои одамна, а меѓу првите во 1987 го промовираше оваа пејачка
-
Николија ја избркала Весна од роденденот на ќерка си