Весна Змијанац неодамна откри дека во животот и иде на сите полиња, освен на емотивен план.
Иако за него не се пишува во медиумите, најголемата љубов на славната пејачка бил Владо Јовановиќ, татко на нејзината ќерка Николија.
-Тој ќе биде мој доживотен пријател и другар. Се разделивме од други причини. Тогаш немав време за ништо. Само турнеи, концерти од еден на друг континент. Тој ја подигаше Николија, без него ништо не можев да направам. Владо и денеска е упатен во се и ни помага. Колку сум јас на Николија мајка, толку тој и е татко, а на Реа дедо. Проблем е само што тој не е јавна личност, па на народот му изгледа поинаку – ја почнала својата приказна Весна, а потоа се осврнала и на растењето на Николија.
-Јас повеќе бев задолжена за финансирање на училиштето и факултетот, гардердобата, животот, а тато се занимаваше со сериозни работи. Учеше со неа, ја воспитуваше, поддржуваше. И помогна да запише средно училиште, факултет. Ма тој е доктор на економски науки и да не беше тој, залудни ќе беа моите пари. Што вреди јас да го финансирам факултетот во странство, ако таа не може да го запише. Благодарение на него успеа-искрена била Весна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.