| четврток, 6 декември 2018 |

Избори во јуни е од кујната на СДСМ

Не е вистина дека локалните избори ќе се одложат и дека во јуни ќе се одржат заедно со вонредни парламентарни, вели Илија Димовски од ВМРО- ДПМНЕ

Branko Crvenkovski kongresИнформацијата која ја пласираше „Утрински весник“ дека странците ќе се вмешаат во разрешување на политичката криза, со решение да се одложат локалните избори до јуни, кога би се одржале и вонредни парламентарни избори, за ВМРО- ДПМНЕ е класична шпекулација, кој повори дека изборите во март ќе се одржат.

-Нема вистина во тоа. За такво нешто не е разговарано со ниту еден меѓународен претставник. Најверојатно информацијата е пуштена од од СДСМ- изјави Илија Димовски, пратеник од ВМРО- ДПМНЕ.
Од настаните во Собранието, поточно 24 декември, партиски членови на СДСМ во неколку наврати побараа помош од меѓународната заедница да се вмеша во разрешување на политичката криза.

Од САД и ЕУ, пак, излегоа со неколку изјави дека опозицијата треба да се врати во парламентот. Во таа насока беше и пораката на генералниот секретар на Директоратот за проширување, Стефано Санино кој на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски му го пренесе ставот на Брисел лично дека опозицијата треба да престане со бојкотот на Собранието, а политичкиот дијалог да се води институционално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top