| четврток, 6 декември 2018 |

Гран при на фестивал во Софија за Драмското студио „Годо“ од Кочани

Преставата „Просидба“ од Чехов во режија и адаптација на Трајче Георгиев, во продукција на Драмското студио „Годо“ при Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани ја доби гран при наградата на меѓународниот театарски фестивал што го организира Народното читалиште „Св.Кирил и Методиј 1924“ во Софија, Република Бугарија…

Фестивалот се одржуваше од 31 март до 2 април, а учествуваа 11 ансамбли од Бугарија, Србија и Македонија.

– Освен гран при наградата за претстава во целина, освоивме уште две значајни награди, за режија – која му припадна на Трајче Георгиев и за најдобра женска улога – што ја дои Марија Горгиева од Кочани. Наградите се стимул за натамошна успешна работа и занчат многу за развојот на драмската уметност во Кочани, рече на прес- конференција директорката на центарот Кристина Атанасова Арсова.

Во „Просидба“ настапуваат и Тодор Георгиев и Александар Арсов.

Преставата е поканета да настапи идниот месец во театарот „Солзи и смеа“ во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top