Откако вчеравечер во Белград, Србија, по изборните резултати почнаа протести, како самите порачуваа „заради изборните резултати“ и притоа го уништија српскиот „Ѕид на плачот“, демонстрантите за вечерва имаат нов, но сличен план, пренесуваат српските медиуми.
Откако вечерва демонстрантите изоделе круг околу Народното собрание до Владата на Србија, и вечерва пред владата го повториле сценариото со фрлање на јајца. На канделабрата пред влезот закачиле гола кукла, а потоа симболично запалиле бакљи.
Протестите, според тоа што се споделува на социјалните мрежи, ја надминуваат границата на пристојност и според говорите и пцосците кои се испишани на транспарентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.