Нема дилеми кој стои зад разорувачките протести кои веќе втор ден се случуваат во Белград, пишуваат српските медиуми. Таканаречените студентски протести пред Народното собрание и на плоштадот „Република“ во центарот на Белград се сѐ само не спонтани, додаваат медиумите.
Се објавуваат и фотографии на кои се гледа дека на протестите се излезени и сатиричарот Зоран Кесиќ и главниот уредник на „Данас“, Драгољуб Петровиќ, ударните сили на досоевскиот претседателски кандидат Саша Јанковиќ.
Покрај нив, на протестите е и Бранко Миљуш, шефот на изборниот штаб на вториот досоевски кандидат Вук Јеремиќ, кој неодамна физички го нападна главниот уредник на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, како и други за него неподобни новинари, спречувајќи ги да присуствуваат на прес-конференциите на Наташа Јеремиќ, па пред просториите на „Информер“ ги испратил убиецот на Легија, Слободан Стојковиќ Роки и ММА боксерот Драгутин Милошевиќ-Бели, додаваат медиумите.
Дека зад протестите во Белград стои „претепаната“ опозиција на претседателските избори, како доказ медиумите во Србија наведуваат дека на протестите е присутна и Јелена Маќиќ, која пред изборите повикувала на „бесење по бандери“.
Јасно е дека опозицијата не може да се помири со тоа дека не е по волја на народот, па на собирите е присутен и лидерот на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ, како и лидерот на Републиканската партија Никола Сандуловиќ, кој на ланските парламентарни избори ги фалсификувал потписите за изборната листа, додаваат медиумите.
Медиумите во Србија потсетуваат дека советникот на рускиот претседател Путин, Сергеј Железњак, предупреди дека се режирани протести во Белград за да се предизвика хаос во земјата по изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.