| четврток, 6 декември 2018 |

Демир Хисар нема да дозволи да се дебатира за промена на името и симболите на Македонија

 

Граѓаните на Демир Хисар вечерва повторно излегоа низ улиците во градот за да дадат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

demir-640x480Тие велат дека нема да дозволат да се воведе двојазичност низ цела Македонија, како и оти нема да дозволат да се дебатира за  промена на името, знамето, химната и грбот на Македонија.

Освен во Демир Хисар, Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва протестираше во над 40 градови и населени места ширум земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top