| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица „За заедничка Македонија“: Македонија на сите граѓани, а не бинационална држава

Нови избори и осуда на т.н тиранска платформа побараа вечерва граѓаните на Струмица кои се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ како дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Побараа и спроведување попис, зачувување на унитарноста и сувереноста на државата, заштита на идентитетот, името, знамето и химната на Македонија, зачувување на државотворноста и неменување на Уставот.

Говорниците порачаа дека Македонија треба да биде држава на сите граѓани, а не бинационална со двојазичност.

Од плоштадот учесниците на протестот се упатија кон централното градско подрачје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top