-По триесет и седми пат сме тука пред оваа канцеларија, која што пред некое време беше уништувана и кршена, а ние ја отворивме и украсивме со нашето знаме кое го ставивме и денеска- изјави Богдан Илиевски од иницијативата За Заедничка Македонија, вечерва од пред канцеларијата на претседателот Иванов.
-И денес и тука сме да му одадеме почит на претседателот Ѓорге Иванов кој што и вчера при средбата со Туск јасно и гласно повтори дека ќе ги брани државните и националните интереси на Македонија и нема да даде да се формира на влада која нема да се откаже од Тиранската платформа. Го охрабруваме како и секој ден и не смее да попушти ниту на еден протисок- рече Илиевски.
Во моментов граѓаните од пред канцеларијата се упатуваат кон собранието на Република Македонија, а освен во Скопје протести се одржуваат и во над 40 други градови и села ширум целата Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски:Ако замолчиме, ако замижиме сега, ние ќе сме генерацијата која допринела за укинување на македонската држава!
-
Протестите продолжуваат в понеделник, денеска панел-дискусија
-
Илиевски: До победата мора да се бориме!
-
Илиевски: Во Собранието се обидуваат да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот