По осуммесечна истрага, Министерството за внатрешни работи го расчисти и документираше двојното убиство на сопружниците од кичевското село Србица, кои на 2.9.2012 година беа пронајдени починати, откако претходно им биле врзани рацете и нозете, а лицата им биле покриени со алишта, се наведува во нивното соопштение.
До Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесена е кривична пријава против А.Л. (37) албански државјанин поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело – разбојништво со смртни последици извршено во ноќните часови на 1/2.9.2012 година во куќа во с.Србица – Кичево, кога заедно со уште две лица, со употреба на сила одзеле околу 12.000 американски долари и одредена количина златен накит, а при вршењето на делото од живот ги лишиле 70-годишните Иса и Селиме Имери.
Имено, при расчистување на случајот, МВР презеде поголем број на оперативно-тактички мерки и активности при што добиени се сознанија дека извршители на наведеното кривично дело се три лица албански државјани, меѓу кои е и пријавениот А.Л.
Врз основа на оперативни сознанија дека истиот во неколку наврати остварувал легален влез во Р.Македонија и на подрачјето на Тетово, Гостивар и Кичево нелегално работел како физички работник, завчера, на 29.5.2013 година е пронајден и лишен од слобода на подрачјето на Тетово, спроведен за понатамошна работа во ПС Кичево и со кривична пријава е предаден на истражен судија од Основен суд Гостивар при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
По однос на другите осомничени лица се преземаат натамошни мерки и активности за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи