| четврток, 6 декември 2018 |

Василевски: Граѓаните на Македонија се излажани со постизборната тиранска платформа

vasil

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски на денешната собраниска седница истакна дека граѓаните на Република Македонија се измамени со постизборната тиранска платформа.

-Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината за Македонија. Се работи за исклучително важна постизборна измама. Да појаснам на избори се излегува со предизборна програма во која кандидатите и пратениците излегуваат со одредени ветувања што ќе направат ако народот им го даде гласот за одредена политичка партија и таа да биде победник на изборите – рече Василевски.

Тој потенцираше дека граѓаните на Република Македонија кои го дале гласот за одредена партија во моментов се излажани.

-Предизборно едни ветувања, постизборно лага во која како услови за формирање на парламентарно мнозинство се исфрлува тиранската платформа. Како пратеник, ме интересира која е цената која Република Македонија треба да ја плати – праша Василевски.

Тој на крајот истакна дека со дебатата изминатите денови целата јавност можеше да види дали има или нема платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top