| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши вести за Клоп и „црвените“, Садио Мане ја заврши сезоната

sadio mane

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби многу полоши вести од првичните, во врска со повредата на Садио Мане на натпреварот против Евертон. Оваа повреда сигурно ќе биде голем хендикеп за Германецот во продолжение на сезоната.

Се очекуваше дека Мане ќе пропушти само еден натпревар, но по дополнителни медицински прегледи се очекува да биде надвор од терените неколку недели, што значи дека најверојатно оааа сезона за него е завршена. Мане годинава пропушти голем број на натпревари на Ливерпул, најмногу поради повреда, а неколку и поради настапот на Афричкиот Куп на Нации.

По новата повреда на Мане и претходната на Стариџ, се очекува во следниот период Јирген Клоп да му даде поголема минутажа на Дивок Ориги. Ливерпул веќе утре против Бурнемут ја продолжува битката за пласман во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top