| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Сорос потроши милиони за предизвикување граѓанска војна во Македонија

Во фокусот на грчките медиуми во контекст на настаните во Македонија се активностите на Џорџ Сорос, пренесува „Нетпрес“.

Интернет-изданието „Пентапостагма“ информира и дека „Сорос потроши милиони за предизвикување војна во Македонија“ и дека Соросовите пари, освен кај граѓанските платформи, одат и во џебовите на политичари и на новинари.

Познатиот милијардер Џорџ Сорос потроши милиони долари за финансирање насилни протести во Македонија, како чекор во насока на директно предизвикување граѓанска војна и воен конфликт со Русија… Сорос потроши милиони во обидот да ги организира невладините организации, вклучувајќи и платформа за граѓаните, а пари се насочуваат и кон политичари, новинари, центри за човекови права и центри за поддршка со цел промоција на неговата агенда, се вели во анализата на „Пентапостагма“.

Soros

Порталот информира и дека дел од американските медиуми, стручњаци, но и сенатори го обвинуваат амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и претходната администрација на претседателот Барак Обама, дека парите на американските даночни обврзници од програмата УСАИД ги насочувале кон Соросовите организации во корист на опозицискиот СДСМ. Доколку подземната маршрута и илегалните дизајни на движење на парите се докажат, тогаш станува збор за сериозна работа за која во САД се предвидени тешки казни, се вели во анализата.

Грчките медиуми во своите денешни изданија се осврнуваат и на вчерашната средба на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Или мандат за Зоран Заев или меѓуетнички тензии и „блокада“ на и така блокираната интеграција на Македонија во Европската унија, се пораките од посетата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Македонија издвоени во грчките медиуми.

Весникот „Етнос“ пишува дека Туск побарал решение базирано на здрав разум и демократски принципи, кое нема да предизвика меѓуетнички тензии, пренесувајќи ја при тоа пораката дека кризата го блокирала патот кон Европската унија и дека без решение во насока на давање на мандатот на Зоран Заев и албанските партии, не можело да се надеваме на поддршка од Брисел.

Претседателот на Македонија, како што се виде од заедничката прес-конференција по нивниот состанок, „не чул“ ништо од ова и инсистира да не го даде мандатот. Ја нападна и платформата на албанските партии тврдејќи дека нејзино прифаќање ќе значи загрозување на унитарноста на земјата, пишува “Етнос”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top