Луис Енрике ја напушта клупата на Барселона на крајот од сезоната, а веќе наголемо се шпекулира со имињата за негов наследник. Но, на „Камп Ноу“ секогаш прво се бараат решенија од сопствените редови. За такво решение размислува и капитенот Андрес Иниеста. Тој смета дека Хуан Карлос Унсуе е кадарен да го наследи Енрике на кормилото.
– Го познавам Хуан Карлос многу добро. Тој е подготвен да го замени Луис Енрике на тренерската клупа на Барселона. Има таков капацитет, и мислам дека е нормално да продолжи да ги развива идеите што сега ги има овој тим. Секако, конечното решение им го оставам на челниците на клубот – изјави Андрес Иниеста за „Радио Каталуња“.
Хуан Карлос Унсуе од 2014 година е асистент на Луис Енрике. Тој во периодот од 1988 до 1990 беше и голман на Барселона, но бранеше само на пет официјални мечеви. Потоа замина во Севилја, и таму изгради одлична кариера, со преку 300 настапи за овој тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.