СДСМ очигледно треба да се симне од облаците, да се надминат себеси, да ја надминат сопствената суета и да сфатат во каква ситуација имаат заглавено. СДСМ нема да има влада, тоа го гарантирам. За тоа постојат две огромни, би рекол, непремостливи пречки, рече во Отвореното студио на ТВ „Нова“ универзитетскиот професор Александар Климовски.
Првата пречка, вели Климовски, е претседателот на Собранието.
„Вака како што се заглавени, а СДСМ заглави, ова ќе трае, во најоптимистична варијанта шест месеци, а во најпесимистичка три и пол години, до завршување на мандатот на овој пратенички состав“, рече Климовски, зборувајќи за процедурата за избор на претседател на Собранието.
„За влада, владата не можат ни да ја видат, а тоа е мандатот од страна на претседателот. Додека не дадат јасно и гласно гаранции дека се откажуваат од албанската платформа којашто е антидржавна и антиуставна во својата содржина, дотогаш нема да го добијат мандатот“, заклучи Климовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Климовски: Платформата е директен атак врз суверенитетот и унитарноста на Македонија
-
Климовски: Изјавата на Иванов дадена точно по содржина, Устав и форма
-
Климовски: 5-ти јуни е забетониран, изборите нема да бидат нелегитимни ако СДСМ не учествува
-
Климовски: На граѓаните им е преку глава, бараат избори за да ја решат ситуацијата