Илија Димовски од Собранието на Република Македонија денес изјави дека најмалку е битно дали се вика платформа или декаларација и дека тоа е само обид да се тргне од вниманието на граѓаните содржината на овој документ кој што ја загрозува унитарноста на државата.
Димовски дополни дека колку и пратениците од СДСМ да пробуваат да излажат дека таа платформа не постои нон стоп се демантирани од албанските политичари во Република Македонија, но и од политичарите во Албанија.
–Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што преставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Оттука колеги од СДСМ, не можеме ние да си ставиме кофа на главата и да се правиме глуви и да се убедуваме дека платформа не постои. Платформата постои, рече Илија Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт