| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје 27 сообраќајки за 3 дена – повредени 20 лица

soobrakajka

Дваесет лица се здобиле со полесни повреди во 27-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје.

Од евидентираните 13 сообраќајки во петокот, во седум полесно се повредени осум лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата се случиле осум сообраќајни незгоди, при што во пет несреќи полесно се повредени пет лица. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани шест сообраќајки, две со материјална штета, а четири со последица телесни повреди, при што полесно се повредени седум лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 125 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а 18 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол. Вкупно 23 возачи  поминале на црвено светло на семафор, 62 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 109 возила биле непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 97 непрописно паркирани возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top