Претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ изјави дека изборниот ден бил „голем и важен“ и дека иако е можеби необично, мора да прогласи и тој победа. Тој истакна дека прогласува победа на пристојните, фини луѓе, правила, принципи и вредности за кои тој и неговиот тим се бореле од првиот ден. Јанковиќ додава дека ќе ги почека правите изборни резултати во услови на фер држава, фер кампања, фер медиуми и тогаш ќе биде првиот кој ќе честита.
– Во оваа пригода им честитам на оние кои во вакви услови чесно, фер и човечки учестввуаа во оваа изборна трка. Се обврзувам пред граѓаните, сево ова е само почеток, ќе завршиме на првиот и најдобар начин. Им благодарам на сите соработници и на противниците што не направија поцврсти во убедувањето и се гледаме веќе утре. Нашата цел е достоинствен граѓанин на Србија, институции кои си ја работат својата работа, Србија со сите ваши насмевки. Ви благодарам, драги луѓе, завршува Јанковиќ, кандидат на граѓанската проевропска опозиција „Србија без страв“.
Според прелиминарните резултати Саша Јанковиќ е второпласиран во првиот криг на претседателските избори во Србија со освоени 16% од гласовите, а најголемо изненасување на изборите е фиктивниот лик Љубиша Прелетачевиќ Бели, кого го толкува студентот Лука Максимовиќ, со нешто помалку од 10% од гласовите. Кандидатот на владејачката коалиција, претседателот на Српската народна партија и премиер на Србија, Александар Вучиќ, освои 55% од гласовите и веќе прогласи победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.