Денеска во посета на универзитетскта спортска сала при УКИМ беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на директорот на АМС Марјан Спасески и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на речиси 6.000 квадратни метри, од кои 3.067 квадратни метри самата сала и 2.000 квадратни метри со партерното уредување.
Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, тој е од гумен еластичен полимер, таму може да се игра мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминттон, тенис и други спортови. Опремата што ќе се користи во салата е огромна, дел е монтирана, дел треба да се монтира.
-Ваква инвестиција во последните 70 години на спортско универзитетско ниво се нема случено, прв ваков објект што ги исполнува сите меѓународни стандарди. Веќе сме во завршна фаза, тврдата градба е завршена, во моментов во завршна фаза е и водовот и електриката, тоа е обврска на ректоратот – изјави Спасески.
Инаку салата има 17 санитарни јазли, четири се за спортистите, осум санитарни јазли за публика бидејќи може да се користи за меѓународни натпревари, два санитарни јазла за лица со посебни потреби. Салата има и посебни простории за медицински персонал, за судии, за делегати, за допинг-контрола, за фитнес, за пинг-понг, посебни простории за предавање и за управител и секретар на објектот. Како што вели директорот на АМС Марјан Спасески, самата сала може да функционира како посебно правно лице.
Системот што се користи за греење во оваа сала е енергетски ефикасен, тој е прв од ваков карактер што се користи во сала во Република Македонија
– Системот за греење е автономен, паметен систем за греење, за рекуперација и вентилација, постојат посебни сонди што ја мерат влажноста на воздухот, во моментот кога ќе ја надмине просечната вредност, се вклучува рекуперацијата и вентилацијата. Подно греење има за самиот под – изјави Спасески.
Прозорците во салта можат да издржат удар од топка, така што нема да има проблем со нивно кршење и евентуално сервисирање. Голема благодарност за овој објект изрази и деканот на факултетот за физичка култура Вујица Живковиќ. Тој нагласи дека оваа сала треба на голема сцена да го врати универзитетскиот спорт во Македонија.
-Ова, не некој начин, ќе биде еден голем поттик за развој на универзитетскиот спорт на државно, а и на интернационално ниво. Ова беше важен предуслов за развитокот на уверзитетскиот спорт – изјави деканот на факултетот за физичка култура Вујица Живковиќ.
Бидејќи станува збор за универзитетска спортска сала, бројот на седишта е 800, инаку стандардните се по 450 до 500 седишта..
Оваа сала има 800 седишта и е поголема од другите сали што се дел од проектот за изградба на спортски сали, чијашто големина е од 450 до 500 седишта. Оваа е 35. сала од истиот проект, а во завршна фаза се уште неколку – според зборовите на директорот на АМС Марјан Спасески.
Вкупната инвестиција за оваа утрамодерна универзитетска спортска сала е 154 милиони денари или околу 2 и пол милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски