| четврток, 6 декември 2018 |

Зафирчев: Најмалку што можеше меѓународната заедница, беше да ја осуди платформата

Главниот атак во моментов е насочен кон јазикот. Јазикот е темелот на кој почива нашиот национален идентитет, преку него овој народ се самоопределувал и кога немал држава низ вековите наназад, вели Зафрирчев коментирајќи ја двојазичноста што е една од точките во тиранската платформа.

„Во ситуација кога заради политички, коалициони договори се откажавме од македонското малцинство, кажете ми во една двоајзична држава, каде еден јазик кој не е државотворен законки ќе го издигнете на официјален јазик заедно со македонскиот, јавно прашувам – што ќе стои во графата на Обединетите нации под официјален јазик, какво ќе биде името, која ќе биде таа држава што ќе се грижи за македонскиот јазик, во ситуација кога ние сме се откажале од македонските малцинства во другите држави?  Македонија е единствената држава во светот којашто се откажала од своите малцинства. Безумна политика што денес нѐ доведе овде. Така што и гневот кај народот во моментов е резултат на еден долг процес, беа направени многу отстапки што директно ги загрозуваа интересите на државата. Најмалку што можеше меѓународната заедница беше да ја осуди платформата којашто е грубо мешање во внатрешните работи на државата и излегува надвор од рамките на Охридскиот договор“, истакна Зафирчев.

Додаде дека будењето на вистинската, но заспана национална свест, која од разни причини спие уште по осамостојувањето на Македонија, ќе прочисти многу ситуации. Вели, ќе прочисти многу во начинот на којшто обичниот граѓанин ќе ги толкува, политиката и демократијата воопшто.

Актерите Роберт Вељановски, Васил Зафирчев и Снежана Коневска-Руси гостуваа во ОКО со Горан Петрески на ТВ „Нова“, каде што зборуваа за политичката состојба и инволвираноста на уметниците во граѓанско- политичките активности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top