| четврток, 6 декември 2018 |

Лебеди живи гореа во пожар во трската кај Женска плажа во Струга

Кај Женска плажа на Охридско Езеро во Струга, во вчерашниот најверојатно намерно предизвикан пожар, покрај трската, изгореле и млади лебеди и други птици, алармираат еко-активистите од овој град, пишува порталот ако.мк.

Охрид СОС граѓанското здружение, веќе алармираше дека Државниот инспекторат за животна средина, општина Охрид, Министерство за животна средина и други надлежни институции секоја година замижуваат пред овие злосторства, пред овие уништувачки активности.

17757489_1554281887957348_1747988124385772827_n-300x225

Ова не е првпат да се прават вакви недозволени активности, погубни за биодиверзитетот во езерото, со уништување на трската, поради нови површини  за изградба на плажи.

Струшкото крајбрежје на Охридско езеро е речиси целосно освоено од угостителите, од кои голем дел немаат воопшто никаква дозвола за работа или пак концесија, но струшкиот градоначалник Зијадин Села не презема ништо за да го спречи тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top