Кипарскиот претседатек Никос Анастасиадис денеска повика на итно возобновување на преговорите за обединување на Кипар.
Според Анстасиадис, преговорите треба да се фокусираат на предлозите кои ќе бидат во интерес на сите Кипарци, а не на „трети држави“, алудирајќи на Турција, која инсистира на задржување на своето воено присуство во турскиот дел на Кипар, дури и по евентален договор за повторно обединување на островот.
Преговорите за Кипар беа прекинати во февруари годинава, откако лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи го напушти преговарачкиот процес во знак на протест поради одлуката на Парламентот во Никозија за задолжително одбележување на годишнината од референдумот од 1950 година, на кој кипарските Грци се изјаснија за обединување на тогашната британска колонија Кипар со Грција.
Акинџи неодмана се заложи за продолжување на преговорите по 7 април, оценувајќи дека следните два месеци ќе бидат клучни за постигнување договор за Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.