Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го доби скопското дерби со Карпош Соколи и тоа со резултат 85-87, но мораше да одигра продолжение за да стигне до посакуваниот скор на ова тешко гостување во рамките на 4. коло на македонската кошаркарска Суперлига.
Во првото полувреме на двата тима им припадна по една четвртина, а многу поизрамнето беше во вториот дел (73-73). Решавачките поени на 18 секунди до крајот ги постигна Клоф кој донесе водство 85-86, а во продолжение Пери не успеа да реализира за Карпош, додека гостите погодија едно од вкупно четири слободни фрлања кои ги изведуваа Младеновски и Ѓуроски.
Трајковски со 25 и Пери со 23 поени биле најефикасни кај „соколите“, додека кај победникот Клоф и Симоновски реализираа по 16 поени.
Работнички го победи Кожув со 68-67, а во интересната завршница, гостите имаа напад во кој МекНил направи грешка и ја загуби топката, што значеше и триумф за домаќините во Скопје. Илиевски со 13 и Чековски со 12 поени биле најдобри реализатори кај домашниот тим, а во тимот на Кожув МекНил постигна 13 поени.
На третиот натпревар, Фени Индустри дојде до првата победа во Суперлигата, триумфирајќи над Куманово со 101-98 во уште еден дуел каде мораше да се игра продолжение. На крајот поуспешни беа домаќините од Кавадарци, а најдобри поединци биле Пантиќ со 27 и Николовски со 22 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика