Најмалку 16 лица, од кои 13 полицајци и тројца цивили, се ранети денеска при експлозија на бомба поставена во близина на полициски Центар за обука во египесткиот град Танта, соопшти Министерството за внатрешни работи на Египет.
Во соопштението се додава дека бомбата била поставена на еден мотоцикл паркиран во близина на објектот на Центарот за обука.
Египетските медиуми јавија дека двајца од ранетите при експлозијата се наоѓаат во критична состојба.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
По воениот преврат во Египет во 2013 година, со кој од претседателската функција беше сменет исламистот Мохамед Морси, исламистички групи извршија серија напади во кои загинаа голем број египетски полицајци и војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.