| четврток, 6 декември 2018 |

Касиерката Зорица: „Проститутка сум, морам, затоа со маж ми…“

zena-place
Касиерка од Белград вели дека нејзината плата не е доволна за ништо, сопругот не може да најде работа, а нејзиното синче ќе тргне на училиште, па затоа морала да најде дополнителна работа. 32-годишната Зорица М. вели дека немала друг начин да преживее освен тој да се занимава со најстариот занает на светот – проституцијата.

Нејзиниот сопруг затвара очи на тоа што таа го прави во доцните часови, бидејќи знае дека друг начин нема.

– Не го правам тоа зошто го сакам или зошто сакам бесна кола, дијаманти и бунди…сакам само добар живот за семејството, вели таа.

Нејзиниот сопруг го повредил рамото, веќе не е работоспособен и морал да земе инвалидска пензија. Паднал од скеле и ја повредил и кичмата.

Во новата работа ја однела нејзина колешка од работа, која и признала дека за повеќе пари се среќава со мажи навечер и им нуди сексуални услуги.

– Со сопругот плачевме заедно цела ноќ, се прашувавме како може да дојдеме до ова. Мака ми е, не уживам, но морам, вели Зорица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top