| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата на Милан Паоло Малдини ги посочи двајцата најтешки противници

paolo maldini

Легендарниот Паоло Малдини одбележа една неверојатна ера како играч и како капитен на Милан, која секако ќе остане запаметена по големите успеси кои ги оствари тимот од Милано како на домашна, така и на интернационална сцена.

Незаборавниот стопер ја мина целата своја играчка кариера на „Сан Сиро“ и успеа да освои се што можеше да се освои, а за време на периодот од 1985 до 2009 година испрати и дочека безброј генеарции во италијанската Серија А.

Малдини е еден од ретките фудбалери кои ја имаше привилегијата да ја фати ерата на Марадона и генеррацијата на нови модерни фудбалери, а сега во своето последно обраќање за „Гран Вол Планет Футбол“ ги издвои двајцата најтешки играчи со кои се соочил во кариерата.

– Најдобар противник и своевремено најтежок против кој имам играно е Диего Марадона. Мора да го кажам тоа, едноставно тој беше неверојатен на теренот, но и надвор од него. Неверојатно фин човек. После него, ќе кажам Бразилецот Роналдо, пред да се повреди во Интер, тој беше многу, многу добар – посочил Малдини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top