| четврток, 6 декември 2018 |

Германска анализа: СФРЈ денеска ќе владеше со фудбалскиот свет

Моментално, Македонија нема таков фудбалер кој го има потребниот квалитет за да биде дел од овој идеален тим

Познатиот германски сајт „Трансфермаркет“, ја објави идеалната репрезентација на Југославија, која е составена од фудбалери кои се родени во поранешната заедничка држава.

Единствената причина поради која Германците го направија виртуелениот тим е последниот натпревар која Југославија го одигра пред 25 години во Амстердам против селекцијата на Холандија. Тој натпревар беше одигран на 25. март 1992 година, а „лалињата“ победија со погодиците на Вим Кифт и на Јан Волтерс.

На последниот натпревар не играа фудбалерите кои беа по потекло од Хрватска, а “денешниот” тим на Југославија, според Германците, мора да има дури шест фудбалери кои моментално го носат “коцкестиот” дрес.

Тие би требало да ја претставуваат душата на тимот, затоа што во одбраната би господариле Симе Врсаљко и Дејан Ловрен, средината би ја држеле Иван Ракитиќ и Лука Модриќ, додека за погодоците се задолжени Марио Манџукиќ и Никола Калиниќ.

Честа на Србија ќе ја бранат само Александар Коларов и Немања Матиќ, додека по еден фудбалер ќе имаат БиХ (Миралем Пјаниќ), Црна Гора (Стефан Савиќ) и Словенија (Јан Облак).

Моментално, Македонија нема таков фудбалер кој го има потребниот квалитет за да биде дел од овој идеален тим.

Интересно е дека во овој тим нема место ниту за бомбардерот на Рома, Един Џеко, како и за одличниот играч за врска од редовите на Саутемптон, Душан Тадиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top