| четврток, 6 декември 2018 |

Лути феферони за вита става

Според студијата која ја спровеле научниците од универзитетот во Калифорнија елегантно пополнетите во иднина ќе можат ем да јадат ем да слабеат.

Според нив постојат продукти за кои научно е докажано дека повеќе од другите создаваат чувство на ситост, го намалува апетитот или пак помагаат при слабеење.

Најкорисни меѓу нив се лутите пиперки – фефероните, кои иницираат зголемено трошење на калориите благодарение на антиоксидансот –капсаицин.

Научниците откриле дека по оброкот во кој биле внесени и феферони за само неколку часа количината на потрошените калории двојно се зголемува.

Внесот на капсаицин   ја засилува  оксидацијата на маснотиите, по што на организмот му треба зголемена енергија а со тоа троши дел од резервите. Дополнително оброците богати со капсаицин можат да го намалат апетитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top