| четврток, 6 декември 2018 |

Украина останува без Евровизија?

ukrajina-evrovizija-julija-foto-printskrin-yt-1490190155-1136535Европската радиодифузна унија (ЕБУ) би можела да и го одземе право на Украина да биде домаќин на овогодинешната Евровизија доколку до крајот на следната недела не се реши спорот со претставничката на Русија, се вели во изјавата на претседателката на ЕБУ Ингрид Делтенре.

-Таквото однесување е апсолутно неприфатливо. Длабоко жалам што Евровизија се користи за политички игри, рекла Делтенре и нагласила дека тоа натпреварување не е за “буцкање на луѓето едни против дтуги” и се заканила со санкции за Украина.

Претседателката на ЕБУ рекла дека во моментов се водат разговори со претседателот и премиерот на Украина за да се најде „мирно решение“ за актуелниот проблем.

Годинава Русија треба да ја претставува Јулија Самојлова со песната “Flame Is Burning”, но украинската служба за безбедност и го забранила влезот во земјата на три години заради нејзините настапи на Крим. Украинските власти изразија подготвеност да прифатат руски претставник на 62. Евровизија во Киев, но под услов Јулија да ја замени друг натпреварувач кој нема проблеми со украинскиот закон. Рускиот Канал 1, пак, ја одби претходната понуда Самојлова да учествува на Евровизија, закажана од 9 до 13 мај, но преку сателит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top