Со банкноти од минимум 100 марки секоја вечер се полнела кутијата за чевли пред микрофонот на најпознатиот српски турбофолк-изведувач на почетокот на неговата кариера. Аца Лукас се подготвува за својот следен концерт на белградскиот стадион „Маракана“ , на местото каде што пред 20 години почнал да настапува.
Како што се отвори пред новинарите на српски „Блиц“, тој раскажа дека токму на сплавот „Лукас“ ги поминал најубавите свирки во неговиот живот, кои траеле и до 7 часа, колку планира да трае и неговиот концерт на 8 јуни.
– Убави сеќавања ме поврзуваат за овој сплав. Кога ќе го вратам филмот низ што сѐ поминав во овие 20 и кусур години… Се случуваше во кеси да го изнесувам бакшишот од една свирка – изјавил тој.
По ова, кој може да му забележи што од рокер станал тулбофолкер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.