| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид не сака да го испушти Раул, му нуди раководна функција во клубот

raul

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, ќе се врати во клубот по завршувањето на сезоната и ќе добие раководна улога, како десна рака на претседателот Флорентино Перез. Тој во моментот е амбасадор на шпанскиот фудбалски шампионат Примера дивизион, а понуда да се врати во „кралскиот клуб“ и да добие раководна улога пристигна веднаш откако шпанските медиуми шпекулираа со информацијата дека поранешниот капитен може да преземе некоја од функциите кај лутиот ривал, Барселона.

Раул Гонзалес беше член на Реал Мадрид од 1994 до 2010 година, по што замина од „Сантијаго Бернабеу“, сакајќи да ја продолжи својата активна фудбалска кариера. Сега треба да се врати во клубот со раководна улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top