| четврток, 6 декември 2018 |

Што прави секој хороскопски знак по раскинувањето? Скорпиите патат, Стрелците заминуваат на пат

Раскинувањата никогаш не се лесни и едноставни за преболување, но некои полесно го прифаќаат тоа, а други не можат да се помират со тоа дека дошол крајот на врската.

Овен
Овенот болно ги преживува раскинувањата меѓутоа се труди да остави впечаток на неодолив срцекршач. Овој огнен знак се чувствува како полиен со ладна вода кога доаѓа до прекин на врската. Верува дека во љубовта и војната сè е дозволено, па на секој можен начин ќе се обиде да ја придобие личноста. Ако тоа не му појде од рака, се одлучува за излегувања со пријателите и колегите.

Бик
Иако делува релаксирано кога нема никакви проблеми, Бикот тешко се соочува со раскинувањето дури и ако тоа се случи за краток период. Ако прекинот на врската е засекогаш, емотивниот Бик ќе остане во својот дом и ќе страда во тишина. Евентуално може да разговара со својот најдобар пријател, но тешко дека ќе излезе од дома. Ако излезе, утеха се обидува да најде во стиховите од песните кои го потсетуваат на партнерот.

Близнаци
Можеби делуваат како личности кои сè успеваат да преживеат и преболат спортски, на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се дека сите ги сакаат и ги молат да останат уште малку, па не им е јасно зошто некој би можел да ги остави. Ако тоа се случи, на саканата личност долго време ќе и испраќа пораки, ќе и ѕвони на телефонот и ќе и спушта слушалка.

Рак
Раковите тешко ги преживуваат раскинувањата, дури и кога станува збор за привремени разделувања од саканата личност. Се одаваат на храна и пијалаци, излегуваат и често без никаква контрола се предаваат на личност која е под нивно ниво. Тоа воопшто не им пречи, па и она што пријателите и блиските им го кажуваат. Единствено нешто што ги интересира е кога повторно ќе ја сретнат љубовта на својот живот.

Лав
Гордиот Лав страда драматично, отворено и сите околу него мораат да знаат дека е емотивно повреден. Сите мораат да страдаат заедно со него. Кога тешко му паѓаат раскинувањата, не може да сфати дали е тоа резултат на повредената суета или скршеното срце. Лавот одново и одново се обидува да сфати како партнерот со кој до вчера го освојувал светот, сега му задава толкава болка.

Девица
Пребирливата и трпелива Девица тешко бива оставена, но сепак ако дојде до прекин на врската, ќе направи сè за да открие која е вистинската причина за раскинувањето. Ќе ја грицка својата омилена чоколада и ќе размислува какви пораки да и прати на саканата личност. Ако случајно посака да го напушти партнерот, ќе направи сè за да изгледа како таа да е оставена.

Вага
Воздржаната и суетна Вага, како родена актерка, нема никому па и на саканата личност да и го овозможи тоа задоволство да ја гледа како страда и тагува. Ќе се смешка пред другите и ќе се прави како она да го оставила партнерот, а не обратно. Дома ќе ги проба сите слатки десерти, ќе плаче и ќе ја мириса перницата која сè уште мириса на партнерот.

Скорпија
Скорпијата пати како ниту еден друг знак кога е заљубена и оставена, посебно кога личноста искрено ја сака. Тогаш чувствува и физичка болка кога ќе дојде до прекин на врската. Не знае на кого попрво да се јави, не знае на кого да му каже колку е тажна, бидејќи за неа најтешки се љубовните маки. За жал, ниту еден пријател и ниту една кафеана не можат да и помогнат.

Стрелец
Хедонистички настроениот Стрелец не може да го преболи раскинувањето, туку едноставно бега од суровата реалност. Токму затоа, патувањето е секогаш прва опција, но ако не е во можност, тогаш со сигурност ќе се одлучи за забава во диско или ресторан. Тешко им е поради раскинувањето, но секогаш се одлучуваат за некоја нова љубовна авантура.

Јарец
На практичниот, но чувствителен Јарец не му е јасно како некој може да е толку луд и да го остави кога нема што не би направил за таа личност. Ако партнерот му раскине, тогаш си го враќа филмот назад и се обидува да сфати што не е во ред со него за да открие што му пречело на партнерот. Во мислите си ги враќа старите љубовни искуства и емоции и мечтае да се вратат назад.

Водолија
Како што живее, така и страда – оставената Водолија ќе трча од кафуле во кафуле, од пријател до пријател обидувајќи се да открие зошто дошло до прекин на врската. Сè она што требало или посакувала да и го објасни на саканата личност, Водолијата ќе го објаснува и раскажува на најдобриот пријател. Сепак, и понатаму ќе се обидува да ја разубеди саканата личност да и се врати во прегратки.

Риби
Рибите се родени за страдање, а болките ги поднесуваат така филмски како да се родиле со нив. Тагата за нив е поголема од сите зборови кои постојат на светот, страдањето не престанува, а солзите остануваат неисплакани. Во таквите ситуации, кога се преплавени со сопственото самосожалување и одбивање од партнерот, секогаш се враќаат на сите стари врски кои некогаш ги имале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top