| четврток, 6 декември 2018 |

Платини: Блатер се плашеше од мојата конкуренција, затоа сакаше да ме уништи

blater i platini

Мишел Платини се уште е под суспензија од ФИФА која Спортскиот арбитражен суд во меѓувреме му ја намали на четири години, а ја заработи поради нелегалната трансакција која на Французинот му била исплатена од ФИФА и Сеп Блатер, кој исто така беше суспендиран.

Во последната изјава за „Ле Монд“, Платини тврди дека Блатер бил премногу себичен и размислувал само како да ја спаси сопствената кожа.

– Блатер не бранеше никого за време на процесот, никогаш не застана во моја одбрана, тој е најсебичната личност која сум ја запознал во животот – вели Платини.

– Тој е најголемиот егоист кој сум го видел, мислеше дека ќе остане до крај и ќе биде погребан во ФИФА, тоа беше неговата желба. Секогаш велеше дека мојот „скалп“ ќе му биде последен, беше концентриран да го направи тоа се до самиот крај – посочува легендарниот француски фудбалер кој суспензијата ја заработи како претседател на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top