| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО: Шоу на еврокомесарот Филе во Охрид

За време на самитот на министри од Процесот на соработка во Југоистична Европа еврокомесарот Штефан Филе направи шоу откако на снимателите и на новинарите што го чекаа за изјава им пријде од зад грб.

Откако за време на изјавата почна силен ветер и почна да врне, Филе на своите соработници, кои брзо го спроведоа по најкраткиот пат до хотелот „Инекс Горица“, им порача да не се грижат затоа што тој не е од шеќер за да се стопи од дождот.

 

Претходно Филе на почетокот на самитот на министри беше фатен од камерата на „Република“ како на прсти од раката ги брои присутните претставници и земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top