1ви април, Денот на шегата оваа година се паѓа во сабота, но тоа не беше пречка децата во училиштата да продефилираат со маски и така да ја завршат работната недела.
А, помеѓу децата на македонските јавни личности кои се маскираа, се и синовите на семејството Антиќ. Ружица, сопругата на Перо Антиќ на Инстаграм сподели преслатки фотографии од нивните деца. Најголемиот Лука беше маскиран во македонски бизнисмен, средниот син Павел во крокодил, а најмалиот убавец Петар во панда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.