Она што изминатиот месец се случува во Македонија е народ, народ кој има свое мислење, истакна вечерва актерот Тони Михајловски во гостувањето во емисијата „Ѕид“ на телевизија „Алфа“.
-Се случува народ. Не велам дека другите не се дел од народот, и тие имаат свое мислење, но се разликува од мислењето на повеќето. Македонскиот народ е освестен, има повеќе информации, се разбуди едно чувство на државност, припадност, сакање на сопствената земја. Патриотизмот е нешто исконско и тоа работи кај македонскиот народ и ќе ескалира повеќе при поголем напад на државата – вели Михајловски коментирајќи ги протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тони Михајловски: Нивниот бал под маски, заврши. Паднаа маските
-
Поднесен обвинителен предлог против Тони Михајловски за закани за убиство на Бранко Тричковски
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
Михајловски: Деца умираат, шумите изгореа, а ти молчиш!