| четврток, 6 декември 2018 |

Зад нејзината насмевка се крие болна вистина – ова е најголемата тајна на Сузана Манчиќ

сузана

Водителката Сузана Манчиќ во гостувањето во емисијата на Рада Раденковиќ откри дека се борела со депресија.

Сузана тогаш многу лошо го поднесувала разводот од поранешниот сопруг Небојша Куниќ со кој била во брак осум години, поради што посетувала и психолог.

-Одев кај психолог за да некој неутрален ми помогне да дојдам до одговори на некои прашања и тоа на сите би го препорачала. Ми помогна да увидам и некои свои грешки, да не ги обвинувам секогаш другите – искрена била Сузана.

Иако Рада и гледачите помислиле дека разводот бил заради неверство, таа ги демантирала.

-Никогаш не би се развела поради неверство. Се случува. Не заговарам, ама се случува и од машка и од женска страна- рекла Сузана, која не сакала да ја открие причината за нејзиниот развод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top