| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша повторно удри по Цеца (ФОТО)

Во јавноста се појавија фотографии, на кои Светлана Ражнатовиќ – Цеца му дава поддршка за неговата претседателска кандидатура на српскиот премиер Александар Вучиќ. Нејзината вечна противничка Јелена Карлеуша веднаш имаше што да каже.

– Кога српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија седи со осуден криминалец, жена на убиец и соучесник на земунскиот клан – јасно ви е – напиша Карлеуша на социјалните мрежи.

Цеца е само една од многуте јавни личности кои дадоа поддршка за Вучиќ на претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top