| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид порача:Ни на сон не смее да се прифати платформа што е во насока на разнебитување на државата

ohrid

Граѓани на Охрид и вечерва се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Во име на учесниците на протестот говореше Делчо Максимоски, кој рече дека Охрид по 32 пат преку овој протест вели „не“ на тиранска платформа, а „да“ за унитарна, заедничка Република Македонија.

– Охриѓани со уште поголем елан продолжуваат со протести за да ја зачуваат унитарноста на Македонија и дека ќе продолжат се додека е тоа потребно, до конечна победа на Република Македонија, рече тој.

Ванчо Стојаноски истакна дека белосветските мешатари, заедно со нивни слуги тука, наметнуваат платформа однадвор.

– Ни на сон не смее да се прифати такво нешто, што е во насока на разнебитување на државата. Кончено ние Македонците мора да застанеме на браникот на татковината, заедно со сите граѓани што живеат тука. Мора да бидат свесни и Албанците дека мора да живее тука заедно, за добро на сите тука, рече тој.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top